Здружението на новинарите на Македонија ќе остане надвор од институционалниот дијалог се додека не се расчистат настаните што се случија во Собранието на 24 декември минатата година, истакна Насер Селмани, претседател на ЗНМ, на денешното редовно собрание на здружението.
„Нашиот став, дека не седнуваме на маса со Владата за преговори, се додека не се расчисти инцидентот, не значи дека ние не сме заинтересирани за законот што владата сака да го донесе во кратки рокови, без јавна дебата.
– Забележувате дека јас во моето излагање не зборувам за содржината на законот, намерно тоа го правам затоа што очекуваме владата да излезе, да каже дали ги прифаќа нашите барања“, изјави Насер Селмани, претседател на ЗНМ.
Во врска со Предлог-законот за медиуми, Селмани уште еднаш побара продолжување на рокот за да можат и да имаат доволно време новинарите да организираат дебати, да го анализираат предлогот и да изготват заеднички забелешки.