СДСМ: Интервентна мерка од три денари по килограм за продадена зелка, продолжуваме со вистинска грижа за земјоделците

Од:

„Во време на глобална здравствена и економска криза од која не е поштедена ниту нашата држава, Владата, предводена од СДСМ, презема низа мерки со цел ублажување на последиците врз земјоделството и руралниот развој.

Во таа насока е и носењето на интервентната мерка наменета за стабилизирање на пазарот со зелка од домашно производство.

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со зелка, а оствареното производство го имаат продадено кај регистриран откупувач, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи“, велат од СДСМ.

„Имено, корисниците на оваа мерка добиваат финансиска поддршка во износ од 3 денари по килограм зелка, а исплатата се однесува за количини кои се продадени во периодот од 05. април до 05. мај 2020 година.

Целта на оваа мерка е стабилизација на пазарот со зелка кој во месец април беше дестабилизаран поради намалување на побарувачката и откупната цена, како последица од вонредната состојба предизвикана од коронавирусот.

Покрај оваа мерка Владата усвои и Програма за изменување на Програмата за финансирање на активностите во тутунското производство за 2020 година.

При тоа, се овозможи префрлање на средства во висина од 110.000.000,00 милиони денари од Програмата за финансирање на активностите во тутунското производство за 2020 година во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година. Со средствата кои се пренаменети ќе се изврши исплата на заостанатите обврски кон земјоделците.

СДСМ, како одговорна партија продолжува со вистинска и конкретна помош за земјоделството и руралниот развој“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он