„Ербас“ со загуби од речиси половина милијарда евра во првото тримесечје

Од:

„Ербас“, европски производител на авиони, објави денеска нето загуба од 481 милиони евра и нагласи дека многу брзо се идентификувале последиците од епидемијата на коронавирус на својата сметка.

Една година порано, Групацијата имаше нето добивка од 40 милиони евра.

Приходот на „Ербас“ за првите три месеци од 2020 година се намали за 15,2 отсто на 10,6 милијарди евра, како одраз на тешкото опкружување што влијае на пазарот на цивилното воздухопловство, се вели во соопштението на „Ербас“.

За време на тој периодот поради пандемијата, европскиот производител на авиони испорача 40 машини помалку отколку пред една година.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата