Швајцарски суд одреди датум за случајот против претседателот на Пари Сен Жермен и на „Беин Медиа груп“ – Насер Ал-Хелаифи и поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке, пренесоа француските медиуми.
Рочиштето ќе се одржи на 14 септември.
Покрај Валке и Ал-Хелаифи, пред судот ќе се појави уште еден обвинет, чие име не се споменува.
Двајцата се осомничени за измама, фалсификување, криминална активност и поткуп на лица.
Според истрагата, Ал-Хелаифи го поткупил Валке за да ги откупи правата за емитување на натпревари од светските првенства.
Според информациите, Ал-Хелаифи му дал на Валке вила во Сардинија како мито.
Валке, кој е генерален секретар на ФИФА од 2007 година, беше разрешен од функцијата на 9 јануари 2018 година, а еден месец подоцна, по одлука на Арбитражниот комитет на етичкиот комитет на ФИФА, тој беше отстранет од фудбалот за 12 години.
На 5 јули 2018 година, Апелациониот одбор на ФИФА го намали периодот на дисквалификација на 10 години.