Ѕвездите на ПСЖ строго ја отфрлија понудата за намалување на нивните плати за одреден временски период.
Ова го тврди престижното француско издание „Екип“.
За клубот преговараат спортскиот директор на клубот од Париз, Леонардо, додека играчите ги претставуваат Тијаго Силва и Маркињос, кои се капитени на тимот и заменик-капитен.
Веќе минатата недела, претседателот на ПСЖ, Ал-Хелаифи, ги повика играчите да му помогнат на клубот да ги намали загубите во месеците кога не се играат натпревари.
Во Франција, премиерот на земјата, Едуард Филип, соопшти дека спортските настани, дури и со затворени врати, нема да бидат можни до септември, што значи дека сезоната нема да започне одново.
ПСЖ процени дека клубот ќе изгуби околу 240 милиони евра, но тоа не ги допре ѕвездите на тимот во оваа фаза.
Нејмар и Килијан Мбапе се најплатени играчи на парижаните.
Првиот добива околу 3 милиони евра месечно, додека Французинот собира скоро 1,9 милиони евра за истиот период.