Деветнаесет години од загинувањето на бранителите кај Вејце

Од:

Хероите никогаш не умираат, тие вечно живеат во нашите животи, е пораката која ја истпрати министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, на одбележувањето на 19 – годишнината од загинувањето на бранителите кај тетовско Вејце.

Тој заедно со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедниост Сашо Тасевски, придружувани од претставници на други организациони единици на МВР, денеска во Битола, пред споменикот „Ангел“ како и во кругот на СВР Битола, со положување на цвеќе ја одбележаа херојската смрт на четворицата припадници на Посебната единица при СВР Битола – Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, како и на четворицата припадници на армиската единица “Волци“ – Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Крстевски и Миле Јаневски, кои што ги положија своите животи во одбрана на татковината на денешен ден во 2001 година.

На комеморативното одбележување на трагичното загинување на овие македонски херои учествуваа и претставници на локалната самоуправа на Битола, на политичките партии како и на семејствата на загинатите бранители.

Министерот Чулев во обраќањето нагласи дека Министерството за внатрешни работи, во рамки на своите можности ќе остане отворено за семејствата на загинатите бранители, за бранителските организации, секогаш да им излезе во пресрет на нивните барања и потреби.

Би можело да ве интересира

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР

Уапсен е возач кој управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

А1он