Се обележува хоризонталната сигнализација во Карпош

Од:

Во урбаната заедница Карпош 1, денеска започна обележувањето на пешачките и велосипедски делови долж улиците „Орце Николов“ и „Никола Тесла“. Општината презема вакви инфраструктурни интервенции првенствено поради фактот што хоризонталната сигнализација придонесува за регулација и зголемена безбедност во секојдневниот сообраќај.

Овие активности, како што соопшти Општина Карпош, ќе продолжат и во претстојниот период и по други населби во Карпош.

– Локалната самоуправа продолжува со унапредување на безбедноста во сообраќајот., кое опфаќа, покрај тековно одржување на хоризонталната и вертикална сигнализација, и воспоставување на нови сообраќајни режими за движење на возилата и граѓаните, при што доминираат еднонасочни улици, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров