Македонско здружение за заштита при работа: 25 работници го изгубија животот во 2019 година

Од:

Македонското здружение за заштита при работа по повод Светскиот ден за безбедност и здрaвје при работа ќе засади 25 дрвја во скопско Лисиче.

„Податоците за 2019 година потврдуваат дека се гине на работните места! Имено, во 2019 година, 25 работници го изгубија својот живот“, велат од Македонското здружение за заштита при работа.

Тие најавуваат дека утре ќе бидат засадени 25 дрвца бидејќи тоа е бројот на загинатите на работното место во текот на 2019 година.

Меѓународната организација на трудот од 2003 година го назначи 28 април за Светски ден за безбедност и здравје при работа, со цел глобално спречување на повреди и професионални заболувања на работното место.

Од Македонското здружение за заштита при работа велат дека тие почнувајќи од 2008 година, по повод 28 април, објавуваат Годишен извештај за несреќи при работа.

„Извештајот за несреќи при работа е независен, а како извор за добивање на податоци за несреќите при работи, пред се, се користени информациите објавени во медиумите во Македонија во рамки на тековната година“, велат од Здружението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари

Тешко повредена работничка во Кочани

Тешко повреден работник во фабрика во Пробиштип

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Филипче: Најразочарани од работата на Владата во првите три месеци се работниците

A1on

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on