Горивата поевтинуваат од два до четири денари за литар

Од:

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два до четири денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,76 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,5 денари по литар и ќе изнесува 49,5 денари. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 2,0 денари и ќе чини 52 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 4,0 денари и ќе изнесува 42,5 денари за литар, додека малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,5 денари и ќе изнесува 30,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 2,178 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 16,945 денари.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на светскиот пазар на бензините за околу 24,55 отсто и кај дизелот за околу 31,9 отсто, како и за 0,665 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапуваат бензините

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски