Швајцарски обвинители блокираа сметка од околу 10 милиони долари на поранешниот министер за одбрана на Грција, Акис Цокацопулос, а воедно и истражуваат дали во перењето пари поради кое е осуден во Грција, му помагале лица од Швајцарија.
Швајцарското федерално обвинителство во годишниот извештај наведе дека по притворањето на Цокацопулос, започна да ги истражува наводите за перењето пари, пријавени од банките.
-Тоа претставува голема закана врз репутацијата не само на швајцарските банки, туку и врз целата држава, се наведува во извешетајот.
Поранешниот министер е осуден на осум години затвор, бидејќи не го пријавил својот голем имот. Тој го негира обвинението и планира да приложи жалба на пресудата.
Нему му претстои ново судење поради перењето пари и користење офсор компании, за купување на луксузна куќа во Атина.
Елена Георгиевска