Павлески и Трпеновски не го минаа филтерот на Лустрациска

Од:

Комисијата за верификација на фактите објави листа со нови четири имиња, за кои Комисијата одлучи дека соработувале со тајните служби.

Комисијата донесе решение дека адвокатот Стеван Павлески, поранешен републички потсекретар на СДБ при МВР и републички јавен обвинител бил наредбодател и издавал наредби за следење лица од политичко-идеолошки побуди.

За истото се товари и Јован Трпеновски, поранешен секретар за внатрешни работи на Владата на РМ и Основен јавен обвинител во Охрид. Трпеновски беше и член на Антикорупциската комисија во првиот состав.

Како соработник на тајните служби се посочува и поранешниот пратеник и директор на Стоматолошките клиники во Скопје Игнатие Богдановски.

За професорот од факултет во Битола, Трајко Огненовски, лустрацискадека та комисија утврдила постојат доволно елементи кои укажуваат за неговата свесна и континуирана соработка со тајната полиција. Тоа го правел под псевдонимот „Мисирков“.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска