Левица: Владата донесе крајно погрешна одлука за зголемување на акцизата за три денари

Од:

При борбата со кризата и економските последици произлезени од неа, уште еднаш се покажа безидејноста, конфузијата и неспособноста на техничката влада предводена од Оливер Спасовски, обвини „Левица“.

„Наместо искористување на ниското ниво на нафтените деривати на светските берзи за поттикнување на економската активност, Владата донесе крајно погрешна одлука за зголемување на акцизата за три денари.

Оваа одлука е на голема штета и на народот коj сега ќе го сноси најголемиот товар од погрешно водената “Групер” економска политика, проследена со непромислените економски и „социјални“ мерки. Фијаското се надополнува преку потценувачкиот изговор на Владата дека и покрај ова зголемување, цените на нафтата остануваат најниски во регионот. Фактот што намерно го занемарува СДСМ е дека Македонија е држава со највисоки класни разлики во Европа, дополнително и на самото дно во регионот во однос на просечната нето-плата. Очигледно е дека ваквите мерки кои повторно ќе паднат врз грбот на народот се носени со цел да се заштитат моќните стопанственици и нивните бизниси, кои се директно дел од оваа владејачка гарнитура и чии фирми за време на кризата на улица оставија илјадници работници.

Оттука, „Левица“ наместо зголемување на акцизите предложува итно воведување на прогресивно оданочување и данок на луксуз со што, не само што ќе се зголемат приходите во Буџетот, туку и преку праведното оданочување ќе се започне процесот на воспоставување социјална правда“ се наведува во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

(ВИДЕО) Исмаил: Предлог-буџетот предвидува нови две милијарди евра задолжување на државата

Левица: Згрозени сме од нечовечкиот повик на премиерот за веселба веднаш по солзите на мајките од Кочани

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мојсоска: Трагедијата во Кочани е резултат на системски пропусти , а не „несреќа“

(ВИДЕО) Исмаил: Недостаток на институционален капацитет води кон повторување на трагедиите

Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија каде ќе се обратат родителите од Кочани