Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е заинтересиран за играчот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто. Клубовите веќе си размениле списоци на играчи кои би можеле да го преминат од едниот во другиот тим.
Според „Sport.es“, калчолигашот е заинтересиран за 28-годишниот Роберто, а Барса е подготвена да го пушти.
Јувентус првенствено ја цени разноврсноста на Роберто, кој може да игра на неколку позиции како во одбраната, така и во средниот ред. Веројатно е дека ако трансферот се случи, тој ќе се одвива како размена на играчи. Јуве е подготвен да понуди многу свои играчи, еден од нив е Миралем Пјаниќ.