Во ДИК меѓупартиската премина во меѓуетничка кавга за изборите во Струга

Од:

Тензична атмосфера, кавги, расправии и закани, вака минува расправата во Државната изборна комисија по приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во вториот круг во Струга.

Меѓупартиската премина во меѓуетничка кавга.

Субхи Јакупи од ДУИ и Бедередин Ибраими од ДПА ги обвинија членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека со етничко гласање сакаат да направат прво анархија а потоа и ѓурултија во државата.
Попладнето ситуацијата се смири.

Од вкупно 17 приговори, 10 се одбиени, два приговори се прифатени, а за едно гласачко место одлучено е да се отвори гласачката кутија и ќе се прегледува целиот избирачки материјал

Се работи за избирачкото место 1882, каде има вишок на гласачко ливче поради што постои сомневање за таканаречен „бугарски воз“, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ.
Има сомнеж дека постои „бугарски воз“ во Македонија. Еве ни шанса да го фатиме дивиот зајак. Со увидот во ливчињата ќе утврдиме кој стои зад фалсификатот, за поткуп, за пренесувањето на ливчето од едно до другото гласачко место, како што стои во приговорот на ВМРО-ДПМНЕ “, рече Виолета Дума.

Членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, беа против донесувањето на гласачкиот материјал од Струга.

Засега е се поизвесно дека прегласување во Струга нема да има , бидејќи со двата одбиени приговори и со спорните гласови од избирачкото место 1882 нема да се надмине разликата од вториот круг меѓу Села и Кочовски
Кандидатот на ДПА подржан од ДУИ, Зијадин Села има 20.770 гласови а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Кочовски, подржан од СДСМ освои 15.276.гласови во вториот изборен круг .

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618