Тимовите во Формула 1 ќе добијат финансиска инјекција

Од:

„Либерти Медиа“, која ги поседува правата на Формула 1, е принудена да ги прераспредели средствата со цел да обезбеди финансиска помош од 1,4 милијарди американски долари за тимовите поради пандемијата од коронавирус, објави „Дејли Мејл“.

Износот ќе биде поделен на неколку делови, од кои едниот ќе помогне во одржувањето на солвентноста на екипите во првенството.

Сезоната во Формула 1 2020 сè уште не е започната поради глобалната пандемија. Првично, беа планирани 22 трки за сезоната, прва од овие во Австралија.

Сепак, поради пандемијата, таа, како и натпреварувањата во Бахреин, Виетнам, Кина, Холандија, Шпанија, Азербејџан и Канада, беа одложени на неодредено време.

Претходно во медиумите беше објавено дека тимовите губат во просек околу 5 милиони долари месечно поради запрената сезона.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он