ФИФА одвои 150 милиони долари за националните федерации поради пандемијата

Од:

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе издвои 150 милиони долари за оперативни фондови за 2019 и 2020 година за поддршка на своите членови во време на пандемијатa.

Секоја од 211 членка на ФИФА ќе добие прва транша од 500.000 американски долари, при што сите други исплати за 2019 и 2020 година ќе бидат реализирани во рок од неколку дена.

– Пандемијата предизвика невидени тешкотии за целиот свет на фудбалот, а ФИФА, која има улога да ги поддржува оние кои имаат потреба, ќе ги исполни своите обврски, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

– Ова е почеток на нашиот долгорочен финансиски план, кој сè уште е во фаза на развој. Наша цел е да им помогнеме на нашите членови, од кои многумина доживуваат огромни финансиски тешкотии во тековната ситуација, додаде првиот човек на ФИФА.

Вообичаено, ФИФА исплаќа такви средства не порано од јули и само кога се исполнети одредени критериуми.

Би можело да ве интересира

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ