Филипче: Препораката на СЗО беше да не се носат маски, но има асимптоматски случаи кои со оваа мерка нема да го шират вирусот

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека е точно оти препорака на СЗО била да не се носат заштитни маски, но од тој момент до сега, тој вели дека има промени во однос на сознанијата за вирусот. Филипче вели дека носењето на заштитна опрема ќе го спречи ширењето на вирусот, со оглед дека има асимптоматски носители.

„Точно е дека препораката од СЗО беше да не се носат заштитни маски, посебно лица кои се здрави. Но факт е дека во меѓувреме излегоа студии, препораки и искуства од многу земји, а имајќи го во предвид и неточно утврдениот начин на ширење на вирусот, како и фактот дека сега е јасно оти има многу асимптотски носители, ја воведовме оваа мерка бидејќи во оваа фаза, сметаме дека е неопходно за да се намали ширењето на вирусот. Ова се однесува за во затворен простор, како и на отворен простор каде не може да се одржи дистанца“, рече Филипче.

На крајот од минатиот месец, директорот на СЗО за управување со вонредни состојби Мајкл Рајан изјави дека носењето маски за лице, доколку се користи неправилно, може да направи повеќе штета отколку добро во борбата против ширењето на новиот коронавирус.

„Нема конкретни докази кои сугерираат дека носењето маски на кој било начин е од каква било корист, всушност, има спротивни докази за тоа“, рече Рајан.

Тогаш, Рајан повтори дека СЗО верува дека треба да ги носат само болни за да не го шират вирусот и здравствени работници на кои им се потребни.

Министерот Филипче, рече дека е многу важно да се почитуваат мерките, бидејќи во спротивно, тие нема да дадат резултат.

Би можело да ве интересира

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

Филипче: Буџетот е скроен да се товари администрацијата со партиски вработувања,

Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Катерина Ѓуровски