Денеска навршува една година од трагедијата кај Смилковското езеро, каде петмина скопјани, на Велики четврток беа ликвидирани додека ловеа риба крај езерото.
Трагите од петкратното убиство веќе ги нема, но забрзано се гради црквата „40 маченици младенци“ за помен на убиените.
Во овој грозоморен настан кој ја вознемири целата држава, настрадаа Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпоковски, како и 45-годшниот Борче Стевковски од село Црешево.