Хакери поврзани со неонацисти украле речиси 25.000 лозинки за е-пошта од персоналот на Светската здравствена организација, Институтот Вухан и фондацијата Гејтс и ги користеле за „кампања за вознемирување“ со споделување теории на заговор за новиот коронавирус, објави Вашингтон пост.
Експерти за безбедност откриле дека адресите за е-пошта биле украдени од десничарски екстремисти и поставени на нивните форуми, а потоа завршиле на индивидуални сметки на Телеграм, Пејстбин и Твитер.
Протекувањето на податоците беше откриено од страна на разузнавачката група СИТЕ, која ја следи мрежна активност на екстремни активисти.
Експерти од организацијата нагласуваат дека тоа е обид на екстремната десница „да се искористи пандемијата на Ковид-19 како оружје“.
Хакерите и неонацистичките групи, наводно, собрале информации со единствена цел за споделување теории на заговор, вклучително и една за поврзаноста на ХИВ со коронавирусот.