Раст на индустриското производство во ЕУ од 0,4 отсто

Од:

Индустриското производство во земјите-членки на еврозоната, како и во целата ЕУ во февруари годинава забележа раст од 0,4 проценти во однос на претходниот месец, соопшти денеска европската статистичка агенција Евростат.

Во јануари растот на индустриското прозводство на месечно ниво во еврозоната изнесуваше 0,5 проценти, а на ниво на целата ЕУ – 0,6 отсто.

Во споредба со февруари 2012 индустриското производство во еврозоната во вториот месец од оваа година е зголемено за 2,5 проценти, а во цела ЕУ за 3,1 отсто.

Најголем раст на годишно ниво од 6,5 проценти бележи индустриското произвоство во Романија, пред Бугарија со 5,1 и Словенија со 3,3 отсто.

Би можело да ве интересира

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Муртезани: Одличен е моментот како земја брзо да чекориме кон полноправно членство во ЕУ

Горан Наумовски

ЦРПМ македонски партнер во европски проект за управување со биодиверзитетот

Горан Наумовски

ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, вели Муртезани

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил