Заразени осуммина вработени на Онкологија, пациентите ќе примаат терапија и во Штип, Битола и Тетово

Од:

На Универзитетската клиника за радиологија и онкологија потврдени се осуммина вработени позитивни на вирусот Ковид – 19, извести денес министерот за здравство Венко Филипче.

Заразените се откриени по вонредниот увид на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Клиниката реорганизирано продолжува да работи, но дел од пациентите терапијата ќе може да ја примаат и во болниците во Штип, Битола и Тетово.

„Завршен е инспекцискиот надзор на Онкологија. Таму се потврдени осуммина позитивни на вирусот Ковид – 19 вработени. Тројца доктори, три медицински сестри и двајца болничари. Дваесетмина, кои се нивни контакти, се ставени во изолација. Засега нема симптоматски од тие контакти. Работата е целосно во функција, не недостасува некој оддел. Направена е реорганизација таму каде што е потребно. Дополнително на тоа до петок ќе биде спремен новиот распоред за дисперзирано делење на терапијата која што може да се дава и по клиничките болници. Распоредот на пациенти е веќе направен и таа терапија ќе се дели во Штип, Битола и во Тетово како најголеми клинички установи заради тоа што таму има и онколози кои што може да го контролираат давањето на терапијата, а пациентите нема да бидат обврзани да патуваат до Скопје за терапијата“, рече министерот Филипче.

Во петок или најдоцна во понеделник терапијата ќе биде поделена на болниците во Штип, Битола и Тетово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

ВИДЕО: Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно, Филипче за Мицкоски