Инфективна: Мајката на бебето заболено од Ковид-19 ги има сите услови на клиниката

Од:

„Во целата оваа вонредна ситуација и напорот со кој се соочуваат вработените на Инфективна клиника во борбата со коронавирусот,  до сега за време на лекувањето на сите пациенти кои лежеле на клиниката со ковид -19, не сме имале реакција или незадоволство од третманот во Клиниата. Жалиме што ваков тип на незадоволство го дознаваме од социјални медиуми, а не за време на лекувањето кое во конкретната ситуација трае 14 дена“, велат од Инфективната клиника, откако мајката на 4-месечното бебе заболено од Ковид-19, реагираше на третманот што го има на клиниката и на недостигот од услови за лекување.

„Во целост ги демантираме наводите на мајката со 4 месечното бебе која тврди дека ‘лежат во болница и ниту еден доктор за тоа време не дошол да им ги каже резултатите од тестовите за Ковид-19’. Појаснуваме дека на мајката  во повеќе наврати ѝ е објаснета здравствената состојба на детето како и потребата за земање два последователни бриса. Детето секој ден редовно се прегледува и најмалку 3 пати влегува дежурна лекарска служба. На мајката и се обезбедуваат сите расположливи услови, од бокал за греење на вода, козметика за бебето, снабдување со вода и други продукти кои ги добива Инфективната Клиника како донација“, велат од Клиниката.

Оттаму додаваат дека детето е интензивно контролирано по препорака од педијатар и покрај добрата клиничка слика.

Мајката и детето денеска нема да бидат испишани од болницата, не поради детето, чии брисеви се негативни и комплетирани, туку, како што велат од Клиниката, поради очекување на резултатот на брисот од мајката.

„Она што е најважно е дека и детето и мајката се во одлична здравствена состојба, и доколку биле занемарени во третманот ова немало да биде случај. Разбираме дека пациентите за време на долгото лекување го губат трепнието, но ние како здравстена установа мораме да се држиме до сите протоколи за болничко лекување и не смееме да испишуваме пациенти пред истите да бидат исполнети“, велат од Инфективната клиника.

Во соопштението се додава дека Управата на Инфективна клиника, следејки ги сите стандарди за професионално работење, ќе покрене интерна постапка за разрешување на состојбата со потенцирање дека се пратат сите протоколи за болничко лекување на пациентите кои лежат на клиниката.

Би можело да ве интересира

Пензионер од кочанско почина од компликации од Западно-нилска треска

Катерина Ѓуровски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Питомци од Воената академија побарале лекарска помош на Инфективната клиника во Скопје

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дали е точно дека лица со Ковид на кои им е потребен респиратор не се примаат на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава