Мајката на 4-месечното бебе со Ковид-19 реагира: 15 дена лежиме во болница, ниту еден доктор не ни кажа резултати

Од:

Александра Ангелова, мајката на четиримесечното бебе кое беше примено со Ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје, преку статус на „Фејсбук“ реагира на условите за лечење на клиниката. Таа вели дека бебето не примало посебна исхрана како што тврдело Министерството за здравство, по три дена чекале за да земат брис од бебето, а кога ќе побарала вода, како што тврди, ѝ кажувале дека „донацијата била потрошена“.

„Ма какво менаџирање, каков способен здравствен систем, БРАВОО! Не знам ни сами дали си верувате во бајката. Кога и човек како мене со челични нерви успеавте да го изреволтирате. Кого лажете за добра комуникација меѓу доктор и пациент? Да лежиш 15 дена на Инфективна клиника и еден доктор да не ти каже резултати, ниту зошто примаш терапија и зошто те боцкаат? Кога прашуваш за вода да ти кажат дека се потрошила донацијата, а на телевизија кажувате бебе на посебна исхрана. Каква е таа посебна исхрана??? Три дена да ти велат дека ќе земат брис од бебето, а не земаат. Гајле ви е дали има чиста облека или парно за доколку испереш нешто да се исуши. Да ти кажуваат спреми се, си одите, а за 15 минути да дојде друг да ти рече не си одите. Еден со друг не сте усогласени и зборувате за добро менаџирање. Две недели еден доктор ме преслуша и сега наеднаш здраво бебе ќе чека да си оди, бидејќи вам сега ви текна да ѝ земете крв на мајката, за која некои од докторите не знаеја ни дали е хоспитализирана. Со чии нерви си играте вие? Штом не можете на крај да излезете со стабилните пациенти, Господ нека им е на помош на критичните. Единствено големо браво за педијатарот, целосно посветена и одговорна. Сечие трпение и сечија истрајност има крај.

П.С. Додека ве слушав на телевизија и јас верував во вашата БАЈКА!“, пишува Ангелова.

„А1он“ постави писмени прашања до Министерството за здравство за овој случај, за кои се чекаат одговори на наредната прес-конференција на министерот Венко Филипче.

Филипче на 9 април годинава соопшти дека најмладиот пациент од Ковид-19 во земјава е четиримесечно бебе.

„Мајка и четиримесечно бебе од Кочани се примени на Инфективната клиника во Скопје. Бебето е позитивно на вирусот Ковид-19. Тие во моментот имаат стабилна клиничка слика, секојдневно конзилијарно се следат од страна на педијатар со некоја сосема лесна форма на анемија и осип. Бебето е во стабилна здравствена состојба, без потреба од респираторна поддршка”, изјави Филипче.

Би можело да ве интересира

Разрешена директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, на нејзино место назначен Фадил Цана

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Обезбеден лекот за конго-кримска хеморагична треска, болничарката е во стабилна состојба

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска