По силниот земјотрес кој ја погоди Јапонија, тамошните власти предупредуваат дека нов земјотрес би предизвикал цунами од 30 метри.
Група експерти ја предупредија јавноста за најлошото можно сценарио за цунами кое е извесно да се случи доколку земјотрес го погоди централниот дел на јапонското крајбрежје.
Јапонските власти велат дека е тешко да се пресмета точноста на таквото сценарио, но посочија дека масивни цунами бранови биле присутни во регионот во минатите 300 до 400 години.