Земјотрес од шест степени на источниот брег на Јапонија

Од:

Земјотрес со јачина од 6,1 степен го погоди источниот брег на Јапонија, соопшти американскиот Геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на 41,7 километри под нивото на морето и 50 километри од брегот на областа Мијаги, јави синоќа јапонската агенција Кјодо.

Како што е наведено, можноста за поголеми штети е минимална и не е издадено предупредување за цунами.

Пред два дена, исто така силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтер го погоди архипелагот на јапонските острови во Тихиот океан, јужно од Токио, но без опасност од цунами.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Земјотрес во Нови Пазар

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава