Карагер за Озил: Не го напаѓам, но најплатениот играч треба да биде пример

Од:

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер ја критикуваше одлуката на играчот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил, да одбие намалување на платата.

– Јас нема да го нападнам заради заработените пари, да ги обвинувам луѓето што го плаќаат, но најплатениот играч на тимот треба да даде пример. Неговиот агент не му направи ништо добро. Пред три или четири недели велев дека треба да се почека и да се види како ќе се развива ситуацијата. Отсекогаш чувствував дека може да има проблем. Постојат само две групи на играчи кои можеби не учествуваат целосно во намалување на платите: тоа се млади момци кои можеби немале доволно приход, или играчи чии договори истекуваат. Но, фактот дека најплатениот играч на тимот не го стори тоа … Целиот тим се согласи и треба да се однесувате како сите останати играчи. Можеме да кажеме дека тој јавно си постигна автогол, изјави Карагер.

Вчера се дозна дека Озил е еден од тројцата играчи на Арсенал кој одби да му се намали платата за 12,5%. Играчот од средниот ред добива 350 илјади фунти неделно.

Би можело да ве интересира

Фенер му го раскинаа договорот на Озил, тој веднаш потпиша за Башакшехир

Озил: Не жалам што играв за Германија

Ана Ололовска

Озил сака 14 милиони евра за да го напушти Арсенал пред предвидениот рок

Ана Ололовска

Озил: Го сакам Арсенал, останувам!

А1он

Интер го сакал Озил на позајмица за пола плата

Наум Локоски

Лев не знае зошто Озил одби да комуницира

Наум Локоски