Дел од Охрид и околината викендов без струја

Од:

Дел од Охрид и околината утре и задутре ќе останат без напојување со електрична енергија. Прекините утре се во периодот од 8 до 16 часот, а во недела од 8 до 18 часот.

Прекинот на електрична енергија ќе биде поради изведување работи за модернизација на преносната мрежа, со надградба на заштитно громобранско јаже со интегрирани оптички влакна, ќе изврши исклучување на далноводите преку кои  се снабдува со електрична енергија реонот на Охрид.

Додека трае интервенцијата без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од трафостаниците од кои ЕВН Македонија ги снабдува потрошувачите од овој реон.

Без напојување со електрична енергија во планираниот период ќе останат корисниците од населбите: 15-ти Корпус, Илинден, Железничка, Крст Џамија, дел од населба Видобишта во околина на Стобекс, Горна Влашка Мала, Даме Груев, Нова населба Рача , Расадник, Билјанини Изворим, Воска, дел од населба Лескајца, Кошишта, Канео, Варош, Градиште, село Климештани, Рамне, Трпејца, Љубаништа и Св.Наум.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките