Филипче: Пушачите имаат поголем ризик од инфекција со Ковид-19

Од:

При пушење цигара прстите се во контакт со усните, што ја зголемува можноста за пренесување на вируси од рака на уста. Ова ги прави пушачите поранливи на Ковид-19 и затоа треба да бидат особено внимателни, објави на својот фејсбук-профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Пушачите, посочува министерот, исто така може да имаат веќе заболувања на белите дробови или намален капацитет на белите дробови, што во голема мерка може да го зголеми ризикот од сериозни заболувања.

Состојби што ги зголемуваат потребите за кислород или ја намалуваат способноста на телото правилно да го користи, ги става пациентите со поголем ризик од сериозни белодробни заболувања, како што е пневмонијата, истакнува Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

Водата во Гостивар била загадена и во времето на Филипче, обвинија и премиерот и шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

ВИДЕО: Филипче тврди дека има загадување на водата со колиформни бактерии и во болницата во Лешок

Филипче: Намерното запирање на европскиот пат е форма на државен удар

Катерина Ѓуровски

Филипче: Ризик во Гостивар постои од поголема катастрофа, труење со храна и хепатит

Катерина Ѓуровски