За првпат во историјата цената на суровата нафта достигна остигна еден цент за барел и отиде во минус.
Цената на суровата нафта за испораки во мај денеска на берзата во Лондон падна пониско од еден долар, достигна еден цент и отидe во минус, откако снабдувачите започнаа да плаќат за испораки во мај, за да можат да ги ослободат терминалите.
Рокот на испораките за мај истекува утре, и според познавачите обесценувањето на мајските испораки е поради тоа што нема купувачи кои се подготвени да ги примат испораките кои започнуваат од 21 април.
Сепак, испораките за јуни не поефтинија толку ниско. Западно-тексашката лесна нафта за јуни се продава за 22.67 долари за барел, додека „Брент“ чини 26.60 долари за барел.
Падот на цените на суровата нафта е поради растежот на количините на складирана суровина – капацитетот на терминалите е искористен максимално затоа што нема купувачи.
Земјите од ОПЕК+ на 12 април договорија намалување на вадење на нафтата за 9.7 милиони барели дневно во мај и јуни. Договорените страни очекуваат намалувањето да се зголеми до 19 милиони барели дневно откако од 1 мај ќе се приклучат и САД, Канада и Норвешка.