Две храбри девојчиња на неверојатен начин го спасија животот на својот татко, кој останал под трактор.
Џеф Смит од Лебанонт, во Орегон се обидел да излезе бидејќи бил заглаевен под тракторот кој се превртел и му го блокирал дишењето.
Неговите две ќерки Хана (16) и Хајли (14) ги слушнале неговите повици за помош и веднаш отишле да му помогнат.
Сами го подигнале тракторот од 1500 килограми, доволно за да му овозможат на татко им да диши.
-Неверојатно беше. Слушаш за такви работи, за тој адреналин со кој можеш да подигнеш автомобил, но е нешто сосема друго. Не си свесен додека не се увериш – изјави Смит.
Веднаш пристигнала итната помош и Смит бил пренесен во болницата каде што се опоравува.
Елена Георгиевска