Докторката Минал Виз денеска сама протестирала пред седиштето на Владата во Велика Британија, за да укаже дека земјата се соочува со недостиг од заштитна опрема за здравствените работници.
Во болничка униформа и со маска на лицето, Виз пред кабинетот на премиерот Борис Џонсон носела транспарент на кој пишува „Заштитете ги здравствените работници“.
Виз, која е бремена, рекла дека протестира поради ранливоста на болничкиот кадар и оценила дека Владата требало порано да се подготви за пандемијата на коронавирусот и дека здравствениот систем поради тој пропуст, сега е во тешка ситуација.