Пенс: Во САД секојдневно на Ковид-19 се тестираат по околу 150.000 луѓе

Од:

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска изјави дека во моментов во земјата дневно се прават по 150.000 тестови на коронавирирус, но посочи дека верува дека сојузните држави, а не федералните власти, се одговорни за тоа што оваа бројка не е поголема.

Пенс во изјава за Ен-Би-Си кажа дека оваа бројка „ преку ноќ може да се зголеми за повеќе од двапати доколку сојузните држави ширум САД ги активираат сите свои расположливи лаборатории“.

Тој, меѓутоа, кажа дека бројот на тестови што секој ден се спроведуваат во САД е доволен за државите да почнат со реактивирање на своите економии, во согласност со насоките што неделава ги соопшти Белата куќа, пренесуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија