Скопските градоначалници во посета на полициските пунктови

Од:

Градоначалниците на скопските општини заедно со градоначалникот Петре Шилегов и во придружба на заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска беа во посета на поголем број полициски пунктови во сите скопски општини, а го посетија и СВР Скопје.

„Со оваа заедничка иницијатива на скопските градоначалници се искажува голема благодарност до полициските служби што деноноќно го чуваат Скопје и се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба, како и благодарност до граѓаните на сите скопски општини кои покажуваат висок степен на одговорност за време на празничниот полициски час и ги почитуваат препораките за заштита на јавното здравје“, стои во соопштението.

Во денешната обиколка, скопските градоначалници на сите полициски службеници на пунктови, полициски станици, мобилни патроли им даваа освежителни пијалоци, во знак на поддршка што во овие вонредни околности деноноќно се грижат за безбедноста во сите општини на Скопје.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања