Општина Бутел и Невладината организација „Извор”, вчера и денеска организираа хуманитарна акција за социјално загрозени семејства од територија на Општината во која беа поделени пакети со основни намирници на 150 незгрижени социјално загрозени семејства.
Според градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, станува збор за семјества кои овие денови се справуваат со предизвикот да го поминат денот и да се прехранат.
Од Општина Бутел наведуваат дека се на располагање,и во иднина да помогнат на сите социјално загрозени семејства за никој да не остане гладен.во време на оваа криза.