Шесткратно убиство на цивили во американска воена база во Авганистан

Од:

Непознат напаѓач ноќеска убил шестмина вработени и ранил уште тројца други во главната американска воена база, лоцирана северно од Кабул, соопштија американски воени претставници.

Деветмината Авганистанци доцна синоќа се враќале од работа кога на оддалеченост од 500 метри од воздухопловната база во Баграм напаѓачот од мотоцикл отворил оган врз нив, соопшти портпаролот на провинцијата Парван, Вахида Шакар.

Напаѓачот побегнал и сега по него интензивно се трага.

Иако талибанските и бунтовничките групи на ИД се активни во северните области на Авганистан, засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, пренесоа американските медиуми.

Шакар изјави дека националните безбдносни сили почнале истарга за да го откријат напаѓачот врз работниците, кои биле ангажирани како чистачи во воената база.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан