Формула 1 започнува на 5 јули?

Од:

Има шанси сезоната во Формула 1 да почне на 5-ти јули со австриското Гран-при, пренесува Би-Би-Си. Првата трка во годината може да биде проследена со две рунди во Велика Британија.

Доколку се одржи, нема да се продаваат влезници за австриското Гран-при. Можните следни две трки на патеката „Силверстон“ ќе се одржат без публика.

Газдите во Ф1 повторно организираа состанок на Интернет за да разговараат за актуелната состојба со пандемијата од „КОВИД-19“ и нејзините последици.

Првите девет рунди на Шампионатот во 2020 година беа одложени или откажани, оставајќи многу неизвесности околу целокупниот дизајн на програмата на Шампионатот.

Приходот во тимовите е значително намален поради пропуштени трки. Лидерите на најпопуларниот мотоспорт се уште се надеваат дека ќе одржат вкупно 15 рунди во 2020 година. Постои дури и опција да заврши сезоната во јануари 2021 година.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес