Зоран Милески-Кичеец пуштен на слобода до правосилноста на пресудата

Од:

Зоран Милески-Кичеец е ослободен од домашен притвор, а со тоа, одлуката на жалбата за тригодишната затворска казна која ја има поднесено до Апелациониот суд ќе ја чека од слобода, дознава „А1он“.

Обвинителката Вилма Русковска за „А1он“ изјави дека таа дала позитивно мислење за Кичеец да биде на слобода до правосилноста на пресудата. Таа вели дека тој дал гаранција во недвижен имот, но не кажа за колкава вредност станува збор.

Милески барал да биде ослободен од куќен притвор бидејќи во изминатите денови починал неговиот татко, а со тоа, неговата мајка била сама и тој требало да се грижи за неа, но и поради други семејни причини кои ги навел во барањето. Тој и претходно бараше да биде ослободен од куќниот притвор, наведувајќи дека неговиот татко е во тешка здравствена состојба, но судечкиот совет не дозволи.

Според обвинението на Обвинителството за гонење организиран криминал, за кое Милески призна вина, тој договарал средби меѓу Јовановски и брачната двојка Камчеви, а за возврат за посредувањето сите примиле награда од 1,5 милиони евра.

Милески е осуден на три години затвор за кривично дело примање награда за противзаконско влијание за која е предвидена казна затвор од 1 до 10 години. Во издржувањето на казната ќе му биде пресметано и времето поминато во притвор и куќен притвор. Пресудата за него беше изречена по неговото признание на вина, на почетокот од декември минатата година.

Во предметот „Рекет“, за разлика од Милески, Јанева и Јовановски и натаму ја докажуваат својата невиност.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов