Штип го чека одобрението за изградба на брана на река Отиња

Од:

Капиталниот проект за Штип брана на река Отиња сепак ќе се реализира. Изградбата на вештачката акумулација над градот Штип ќе стартува оваа година, но со намалени средства имајќи ја предвид пандемијата и кратењето на буџетските средства за капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски, посочи градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Министерството за транспорт и врски за изградбата на браната за оваа година имаше издвоено 200 милиони денари.

– Јас немам информации колку средства се скратени во овој момент за изградбата на овој проект. Но, важно е да има една стартна сума на пари којашто ќе можеме да ја започнеме во 2020, еден дел од нив да се потрошат, реализираат. Така што за нас во овој момент многу е важно да го добиеме одобрението за градење, да се распише тендерот, да биде успешен и да ја воведеме во работа фирмата. До крајот на годината сигурно неможат да се реализираат толкава сума на пари, но важно е да започне и да реализираме што е можно повеќе, вели Бочварски.

Тој очекува веќе 2021 година со поголемо темпо да се гради браната на река Отиња, за штипскиот градоначалник важно е да се почне изградбата.

– Ова се нови моменти, нови времиња, коишто не се предвидливи и токму поради тоа неможеме да форсираме некаква брза изградба или голема реализација во текот на оваа година, но важно е да опстоиме на проектот и да сите се согласиме дека тој и во едно вакво време треба да продолжиме да го буткаме и да го реализираме, рече Бочварски.

Во тек е постпката за добивање на градежната дозвола за изградба на брана на река Отиња. Бочварски вели дека забелешките кои ги имале од Министерството за транспорт и врски се отсранети, а деновиве ќе работат на забелешките од ИЗИС.

-Кога ќе бидат завршени и забелешките во однос на барањето на ИЗИС повторно ќе биде аплициран проектот за одобрение за градење во Министерството за транспорт и врски, со што ќе очекуваме одобрение за градење и потоа и распишување на тендерот, јавната набавка, вели Бочварски.

Овој капитален проект, кој штипјани го чекаат со децении ќе чини околу 7,5 милиони евра, а се очекува изградбата да трае од две до две и пол години. Средствата се обезбедуваат од буџетот на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово