Секој маркет, пекарница и самопослуга ќе мора да обезбеди редарска служба

Од:

Владата денеска донесе и Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба за поставување ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија во мало-продавници, самопослуги, маркети, пекарници и слично за време на траење на вонредната состојба.

Согласно оваа уредба, трговецот е должен да обезбеди редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување дезинфекција за раце при влез во објектот.

„Уредбата определува дека трговецот е должен да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот. Ознаките се поставуваат на растојание од два метри и тоа пред секоја каса за наплата и пред влезот на објектот“, се вели во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во 16 американски држави поради студениот бран – Трамп: Чувајте се!

А1он

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on