Вељаноски го прими министерот Виктор Ерјавец

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Словенија Карл Виктор Ерјавец.

На средбата претседателот Вељаноски ги истакнал пријателските односи меѓу двете држави кои се базираат на долгогодишна конструктивна соработка и заемна поддршка на билатерален и мултилатерален план. Тој искажал благодарност за позицијата на Република Словенија во однос на Република Македонија која, соопшти Кабинетот на Претседателот на Собранието, е јасна и константна, изразена како гласна, безусловна, континуирана и принципиелна поддршка за евроинтегративниот процес на Република Македонија.

Во однос на економската соработка Република Словенија е значаен надворешно трговски партнер на Република Македонија и се наоѓа на листата на најголемите трговски партнери. Во таа насока, Вељаноски изразил уверување за поскора реализација и на другите инвестиции од словенечки компании, како и интензивирање и развој на геотермалниот туризам и другите аспекти на искористување на геотермалните капацитети во Македонија.

Шефот на словенечката дипломатија Виктор Ерјавец потенцирајќи  го искрениот пријателски однос меѓу двете држави, ја повторил поддршката за Република Македонија во однос на спорот за името со Грција, искажувајќи дека низ конструктивен разговор и дијалог од двете страни може да се изнајде решение за проблемот.

– Република Словенија ги поддржува активностите насочени кон трајна стабилизација на регионот и негова интеграција во НАТО и ЕУ, рекол Ерјавец. Во однос на економската соработка искажал уверување дека словенечките компании и во иднина ќе продолжат со соработката со Република Македонија, благодарејќи на добрата економска клима како и на спроведените реформи. Министерот Ерјавец изразил задоволство од големите промени и реформи во државата, а особено во градот Скопје, правејќи притоа споредба со неговата последна средба од 2007 година.

Би можело да ве интересира

Предлог на законот за средно образование по барање на Владата е повлечен од собраниска процедура

Горан Наумовски

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски