Американската полиција во дом за стари пронашла 17 мртви тела

Од:

Поради дојава дека во шупата од домот за стари лица се наоѓа починато лице, полицијата во американската држава Њу Џерси оваа недела во мртовечницата на институцијата пронашла 17 тела.

Како што пренесува Си-ен-ен, во шупата не било пронајдено ниту едно тело. Полицијата ги нашла телата, откако вработените побарале помош во понатамошното постапување со телата сместени во мртовечницата, во која имало место само за четири покојници.

„Персоналот очигледно имал полни раце работа, а веројатно и не биле во доволен број“, рекол шефот на полицијата во Андовер, градот во кој се наоѓа домот за стари.

Поради тоа во една медицинска институција се префрлени 13 тела, а уште не е познато дали меѓу оние 17 станари на домот, имало починати како последица од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак