Безбедносните сили во Нигерија убиле 18 луѓе за да го спречат ширењето на Ковид-19

Од:

Нигериските безбедносни служби убиле 18 лица како мерка за спречување на ширење на коронавирусот, бројка која е поголема и од смртните случаи од Ковид-19 во земјата, соопшти Организацијата за човекови права во земјата.

Според официјалните бројки, од коронавирусот досега во Нигерија се заразени 407 луѓе, од кои 12 починале.

Безбедносните сили, вклучително и полицијата и армијата, се одговорни за спроведување на ограничувањата во државата, но тие истовремено предизвикуваат и смртоносни конфронтации во некои држави.

Во извештајот објавен доцна во средата, Националната комисија за човекови права соопшти дека примила и документирала „105 претставки за инциденти за кршење на човековите права извршени од безбедносните сили“ во 24 од 36 држави во Нигерија и во Абуџа.

Од овие поплаки, „имаше 8 документирани инциденти на вонсудски убиства што доведоа до 18 смртни случаи“, се вели во извештајот.

„Со оглед на тоа што Ковид-19 доведе до смрт на 12 жртви, агентите за спроведување на законот вонсудски погубија 18 лица во име на каузата на прописите за извршување“, се додава во извештајот.

Комисијата прстот го вперува кон безбедносните агенти за „прекумерна или непропорционална употреба на сила, злоупотреба на службената должност, корупција и непочитување на националните и меѓународните закони“.

Би можело да ве интересира

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Руски полковник падна од прозорец и почина, само два дена подоцна падна уште еден

Најмалку 18 лица загинаа во експлозија на камион цистерна во Нигерија

А1он

Убиецот од Цетиње по обидот за самоубиство, починал во возилото на итната помош

A1on

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии