Бугарија донираше 100 заштитни одела и маски на Министерството за одбрана

Од:

Во знак на солидарност во борбата против ширењето на пандемијата на Ковид-19, Министерството за одбрана на Република Бугарија донираше 100 заштитни одела и маски за повеќекратна употреба на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.

– Заштитната облека може да се користи до 50 пати, што значи до 5 000 работни дена за медицинските лица во првите борбени линии. Донацијата беше врачена на високи претставници од Министерството за одбрана на РСМ денеска напладне на граничниот премин Деве Баир од началникот на кабинетот на бугарскиот министер за одбрана Илија Налбантов, информираат од амбасадата на Бугарија.

Донацијата, како што стои во соопштението, е почеток на претстојните донации од Република Бугарија кон Република Северна Македонија како знак на блискоста на двете држави и на европската и евроатлантска солидарност.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on