Првпат по 18 години нема вооружени инциденти во американските училишта

Од:

Изминатиот месец е прв март од 2002 година во САД да нема вооружени напади во училиштата, бидејќи образовните институции се затворени поради епидемијата со новиот коронавирус.

Според организацијата што го следи насилството со огнено оружје „Евритаун фор ган сејфти“ (Everytown for gun safety) драстично е зголемена продажбата на пиштоли во март, кога се појавија првите пациенти инфицирани од Ковид-19, а истиот месец продадени се и два милиона пушки, што е најголем раст на продажба на огнено оружје уште од 2015 година.

Според статистиката во текот на 2020 година се случиле најмалку 33 инциденти со огнено оружје во американските училишта, при што загинале десет, а 15 лица се повредени.

„Њу Енгланд џурнал оф медицин“ (New England journal of medicine) наведува дека вооруженото насилство е еден од водечките причини за смртта на децата во САД. Во 2019 година регистрирани се 130 инциденти со огнено оржје, при што загинале 32 лица, а 77 биле повредени.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак