А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

(ВИДЕО) Пендаровски: Прогласувам нова вонредна состојба

by Кристијан Ландов16/04/2020 - 14:5216/04/2020 - 15:201402
Share0

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, посочи дека уставотворецот нема предвидено ситуација во која Собранието не работи и не ја потврдува првата одлука за вонредна состојба, а кога има потреба од продолжување на истата. Тој вели дека ја презема одговорноста да донесе одлука за постоење на вонредна ситуација во период од 30 дена.

Следете a1on на Instagram Instagram

Одиме со правна форумлација не ја продлжуавме вонредната состојба, туку прогласуваме нова, рече Пендаровски.

Во живо: Пендаровски за разговорите на Советот за безбедност и вонредната состојба

Во живо: Пендаровски за разговорите на Советот за безбедност и вонредната состојба

Posted by A1on.mk on Четврток, 16 април 2020

„Вчера добив предлог за воведување на вонредна состојба во следните 30 дена. Согласно процените, jјасно е дека е потребно повторно прогласување на вонредна состојба. Одлуката ќе ја донесам согласно моите уставни надлежности и ќе трае следните 30 дена. Уставотворецот нема предвидено ваква ситуација, Собранието да не работи и да не може да ја потврди мојата прва одлука за вонредната состојба. Во ситуација кога пратениците земаат плата, кога ниту од нив нема побарано апанажа по завршување на мандатот, значи дека тие се сеуште со валиден мандат, а Собранието сепак не работи, јас ја преземам одговорноста за ваква одлука затоа што имаме ситуација без преседан, кога е далеку поважно да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето, отколку да се криеме зад правни толкувања“, посочи Пендаровски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој ги повика политичките чинители во државата да се изјаснат за начинот на продолжувањето на вонредната состојба во државата во следниот период, бидејќи со ваква ситуација сите ќе се соочат и на средината на мај.

„Постојната вонредна состојба, завршува денеска поради истекот на рокот од 30 дена за кој беше утврдена и нема да биде формално-правно продолжена, бидејќи нема уставен основ. Затоа денеска, врз основа на нов образложен предлог од Владата, а во ситуација кога Собранието не работи, ќе донесам нова одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација во период од 30 дена на територијата на целата територија на државата. Но ова решение, не ја намалува одговорноста на одговорноста на сите релевантни политички фактори во државата јасно и јавно да ги кажат своите ставови по ова прашање, затоа што во средината на мај, ќе ги имаме истите правни дилеми пред себе“, посочи Пендаровски.

koronavirus mkdpenadrovskivonredna sostojba

Би можело да ве интересира

Србија прогласи вонредна состојба

Горан Наумовски30/07/2026 - 14:24

Нобоа прогласи нова вонредна состојба во десет провинции во Еквадор

Горан Наумовски17/06/2026 - 11:40

Вонредна состојба во 16 американски држави поради студениот бран – Трамп: Чувајте се!

А1он24/01/2026 - 10:15

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео