Ватикан: Поранешниот папа Бендеикт XVI е сериозно болен

Од:

Здравствената состојба на папата Бенедикт XVI е сериозно нарушена и тој „нема уште долго да остане со нас“, изјави
Палома Гомез Бореро, шпански ветеран и дописник од Ватикан, кој ја следи состојбата на поранешниот папа.

-Бенедикт е со многу лошо здравје. Во последните 15 дена дожиева големо физичко пропаѓање, рече Бореро, а пренесуваат хрватските медиуми.

Прогнозата на Бореро во Ватикан ја оценуваат како претерано „алармантна“, но признаваат дека поранешниот папа во последните неколку месеци е физички ослабнат.

Тие потсетуваат дека Бенедикт XVI, токму од овие причини, на 28 февруари годинава, го напушти понтификатот.

Во своите последни јавни обраќања евидентно беше дека папата им потешкотии во одењето, а пред една година почна да користи и бастун, тврди добро упатен извор од Ватикан.

Минатиот месец јавноста дозна дека на поранешниот папа Бенедикт XVI пред една година му бил вграден и песмејекр, и дека три месеци пред да си замине од светиот престол апаратот му бил заменет.

Покрај сето тоа му ослабнал и видот, а видно ослабело и неговото држење, пренесуваат хрватските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска