Демократски сојуз: Да се свика итна седница на Парламентот

Од:

Демократскиот сојуз предлага Претседателот на државата, Владата и најмалку 20 пратеници, да побараат да се свика итна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на која ќе се расправа за вонредната состојба причините и ефектите од воведување на истата, потребата од продолжување, како и за мерките кои се преземаат за спречување на коронавирусот Ковид-19, поставеноста и дејствувањето на здравствениот систем, функционирањето на безбедносниот систем и економските аспекти на кризата.

„Парламентот треба да отвори и сериозна расправа за издржаноста и оправданоста на мерките, подготовките за олабавување на истите, дали постои план за постепено активирање на бизнисот, враќање на животот во нормала, заштитата на човековите права и сл.

Демократскиот сојуз укажува дека согласно Уставот на Република Северна Македонија, Законот за Собранието и Деловникот (член 5) за работа на Собранието, Собранието е во постојано ЗАСЕДАНИЕ и МАНДАТОТ на пратениците трае се до верификација на мандатот на новоизбраните пратеници“, соопштуваат од ДС.

Според ДС не постојат уставни и законски пречки да се свика Парламентот, но политички постојат, поради тоа што голем дел од актуелните пратеници не се на кандидатските листи за пратеници. Можеби е тоа мотивот за блокада на Парламентот, велат од Партијата.

– Инаку нема никаква основа Талат Џафери и натаму да се спротивставува да свика седница на Парламентот и на тој начин да оневозможува Парламентот да биде вклучен во надминување на кризата од пандемијата, се вели во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски