Во САД втор ден по ред со рекорден број починати од Ковид-19

Од:

САД втор ден по ред бележат трагичен рекорд по смртни случаи – во последните 24 часа, од коронавирусот починале 2.371 лице со што вкупниот број на жртви се искачи на 30.800.

Бројот на заразени надмина 640.000, а речиси 50.000 пациенти оздравеле.

Првите случаи на заразата во САД беа пријавени на 29 февруари. За 38 дена, бројот на жртви достигна 10.000, а само девет дена подоцна починаа 30.000 луѓе.

И покрај фактот што бројот на починати и новозаразени лица секојдневно сè уште е голем, во некои делови на Америка епидемијата опаѓа.

Гувернерите на 20 држави во кои има заразени, веруваат дека на 1 мај можат повторно да ја придвижат економијата, датум кој претседателот Доналд Трамп го означи како почеток на отворањето на земјата.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак