Трамп: САД го минаа пикот на пандемијата на коронавирусот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека податоците на здравствените служби покажуваат дека во САД минал врвот на пандемијата на коронавирусот, што го отвора патот за неговите планови за објавување на насоките за повторно отворање на земјата.

Трамп на брифинг за новинарите во Белата куќа најави дека насоките ќе ги соопшти денеска, пренесоа американските медиуми.

Тој оцени дека најновите податоци се охрабрувачки и дека САД благодарение на нив е „ во многу силна позиција“ да ги приврши неговите насоки за сојузните држави за повторно отворање на државата. Се очекува насоките да го расчистат патот за ублажување на мерките за социјално дистанцирање во областите во кои пренесувањето на коорнавирусот е на ниско ниво, но дека тие мерки да бидат заддржани во местата кои се потешко погодени од пандемијата.

Конечната одлука за ублажување на рестрикциите ќе ја донесат гувернерите на сојузните држави.

Бројот на заразени во САД во меѓувреме се зголеми на 641.762, додека 28.442 лица умреа, покажуваат податоците на сајтот Ворлдметерс.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак