Најмалку шестмина загинаа, а педесетина се повредени во силниот земјотрес кој ја погоди Италија.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 5, 9 степени по Рихтер беше на 35 километри северозападно од Болоња.
Според италијанските емдиумии загинаа четворица работници кои паднале од покривот на фабриката за призводство на керамика Сант Агостино.
http://www.youtube.com/watch?v=3Q_iYMZK3qQ
Жртви се и две жени межутоа прогнозите се дека бројот на настраданите во земјотресот ќе расте зашто италијанските власти стравуваат дека има многумина кои се затрупани под урнатините од зградите.
Снимките од погоденото подрачје покажуваат дека се уништени голем дел од историските градби, а е урнат и дел од една историска тврдина.
Паниката ги зафати Болоња, Модена, Верона каде граѓаните масовно ги напуштаат домовите.
Попладнево нов силен земјотрес со јачина од 5,1 степени по Рихтер ја погоди Северна Италија. Медиумите јавуваат дека еден пожарникар паднал од покрив додека траел земјотресот.
Околу 3000 луѓе се евакуирани од регионот Емилија Ромања на североистокот на Италија. Евакуирани се речиси сите жители на областа Модена, а евакуирани се и околу 500 затвореници од затворот во Фарари.
Италијанските власти апелираат до граѓаните да не се враќаат во своите домови бидејќи се можни нови потреси.